Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје денеска ќе го организира XXII Меѓународен симпозиум на тема „Фолклористиката и културното наследство“.
Како што соопшти Институтот, свои согледби за фолклорот и културното наследство ќе презентираат околу 50 учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Украина, Полска и од Косово.
Симпозиумот ќе биде свечено отворен со поздравни обраќања и со настап на учениците од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.