На 24 ноември, со почеток од 20 часот во Македонската опера и балет ќе се отвори меѓународната групна изложба „На чија страна си?: За неврзаната деколонијална констелација“. Кураторки на изложбата се Бојана Пишкур и Ивана Васева.
Изложбата ќе биде отворена до 16 декември, секој ден од 10-18 часот.
Изложбата „НА ЧИЈА СТРАНА СИ: За неврзаната деколонијална констелација“ планира да направи скок во времето. Таа го поврзува сегашното глобално геополитичко преструктуирање предизвикано од војната во Украина со наследството на Движењето на неврзаните во неговите основни принципи – антиколонијализмот и (транс)националната солидарност, и повикува одново на радикална реинвенција на светот и уметноста во него. Парафразирајќи го размислувањето на Франц Фанон кое го пренесува Хоми К. Баба, „На чија страна си?“, што е всушност едно од горливите прашања пред деколонијалните земји во контекст на Студената војна, оваа изложба сега сака да го постави прашањето – На чија страна сме, всушност, кога ќе одлучиме да заземеме страна и позиција, политички и културолошки? Понатаму, како тоа се манифестира денес врз животот на луѓето? И што можеме да научиме од овие одлуки во минатото?
Учесници во изложбата: Дан Акостиоаеј | Архивски материјали од Неврзаното движење | Ѓорѓе Балмазовиќ | Ѓуверовиќ (таа/ неа) | Емилија Епштајн, Ана Кнежевиќ, Музеј на африканска уметност, Белград | Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков | Синиша Илиќ | „Картографија на меѓународните соработки во културата на СФР Југославија со земјите во развој“ (Теја Мерхар) | КУРС | Лабораторија на неврзаната уметничка колекција (Марина Челебиќ, Анита Чулафиќ, Нада Баковиќ и Наталија Вујошевиќ), Подгорица | Борко Лазески | Музеј на солидарноста Салвадор Аљенде, Сантиаго | Даринка Поп Митиќ | Дубравка Секулиќ | Ивана Сиџимовска | Хјун Сук Сео | Светска галерија на карикатури, Скопје | Мила Турајлиќ
Дизајн на изложбата: Ивана Васева, Филип Јовановски во соработка со Димитар Милев, Тамара Џерков, Сандра Николовска.
Јавната програма ќе се реализира на 25 ноември, со почеток во 12 часот во СКЦ Центар – Јадро. Учесници во јавната програма: Даниела Бергер Прадо | Ник Аикенс | Грејс Самбох | Љубица Спасковска | Лина Ѓуверовиќ | Лабораторија на неврзаната уметничка колекција (Марина Челебиќ, Анита Чулафиќ, Нада Баковиќ и Наталија Вујошевиќ), Подгорица | Ѓорѓе Балмазовиќ | Синиша Илиќ | Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков | Емилија Епштајн, Ана Кнежевиќ | КУРС | Даринка Поп Митиќ | Ивана Сиџимовска | Светска галерија на карикатура, Скопје | Бојана Пишкур | Ивана Васева
Организатори: Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје, како дел од 17. АКТО Фестивал за современи уметности
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.