Во издание на Матица македонска од Скопје, излезе од печат збирката со раскази „Оган и чад“ од познатиот македонски писател Паскал Гилевски. Во книгата застапени се 12 раскази, создавани во последниве три децении, во кои како на филмско платно се пресликуваат човечки судбини и реални настани од нашето секојдневие.

Паскал Гилевски (1939, Сетома, Егејска Македонија) е автор на 15 романи, шест збирки со раскази, на четири стихозбирки и на 12 книги со критики и есеи посветени на македонската литература и на сликарството. Во изминатите шест децении има преведено над двесте книги од унгарски, грчки, француски, руски, бугарски и српски јазик.

За неговата книжевна и преведувачка дејност добитник е на бројни национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на наградите „Стале Попов“, „Рациново признание“, „Григор Прличев“, „Златно перо“, како и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.