Во паркот на книгата на Матица Ексклузив на 15 јуни (четврток) во 13.00 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова Бошнакоска. Изданието на познатата поетеса ќе го промовира д-р Славчо Ковиловски, а стихови ќе интерпретира актерот Владо Јовановски.
„Куќа во куќа“ е четиринаесета поетска книга на Бошнаковска, во која авторката со тон на тревожност пее за судбински теми и остварува една нова димензија во нејзиното богато творештво. Всушност, во стиховите од оваа книга, поетесата следи мноштво актуелни настани кои се случуваат во Македонија.
Гордана Михаилова Бошнаковска е автор на богат поетски и прозен опус, за кој е добитник на значајни книжевни награди, меѓу кои и на наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата и „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.