Наташа Андрееска (Скопје,1962 ) е главен уредник на Македонското радио. Во оваа национална куќа работи од 1988 година,минувајќи ги сите скалила во новинарската професија.

Слушателите ја препознаваат по нејзините авторски емисии Интерзона, Боите на Македонија, Тука околу нас, Мислам значи постојам и многу други. Автор е на книгите „Размисли” и „Тука околу нас”.

Најновото нејзино дело насловено  „Зад нас” е  збирка на колумни емитувани на Радио Скопје. и претставува институционална меморија и архива за културниот, политичкиот и социјалниот идентитет. Ова дело ни покажува дека сме само патници кои незапирливо патуваат во возот наречен време, а единственото вредно е она што го создаваме и го оставаме ЗАД НАС.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.