Марија Николовска со превод од француски на македонски на делото „Жена на небото и бурите“ од Вилфрид Н’Сонде е годинaшниот добитник на деветтата Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“. Наградата во Скопје ја додели шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, по повод Европскиот ден на јазиците – 26 Септември.
Целите на наградата за најдобар млад преведувач, започната од Делегацијата на Европската Унија во 2013 година, се промоција на младите преведувачи, како и поттикнување на квалитетот во преведувањето на книжевни дела.
Конкурсот е отворен за млади преведувачи до 26 години, додека делата мора да се преводи на книжевни дела од еден од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било кој од јазиците што се говорат во земјата.
Прва пофалница годинава доби Цветанка Стоилова за превод од италијански на македонски на делото „Потопениот пресеп“ („Водата од езерото не е никогаш слатка“) од Џулија Каминито, а со втора пофалница и е доделена на Маја Тодоровска за превод од англиски на македонски на делото „Местото помеѓу“ од Килан Рајан.
Шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир во своето обраќање на врачувањето на наградата рече дека овој ден е исто така повод за сите да се потсетиме на хармоничниот соживот меѓу различните јазици во Европа.
Наградата се доделува во организација на Делегацијата на Европската Унија, во соработка со
Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ.
Наградите се состојат од парична награда во износ од 500 евра, годишно членство во Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ и објавување на преводот, во целост или делумно, во списанието Културен живот. Награди се доделуваат за секој од јазиците на кои ќе пристигнат пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.