Позитивни оценки од публиката за својата глума добива Ерман Шабан, млад искусен актер од Скопје, кој е дел од актерскиот тим во новата турска ТВ серија „Балканска приказна“. Ерман Шабан, кој е брат на Ертан Шабан, еден од попознатите актери во Турција со потекло од Скопје, Македонија, за серијата „Балканска приказна“ истакнува дека ова е приказна на сите, давајќи максимум уште од самите почетоци, пред воопшто да започне да се снима серијата овде во Скопје.
Спомнувајќи го позитивното влијание на ТВ серијата „Балканска приказна“ врз луѓето од регионот, Ерман Шабан вели: „Се разбира, генерално добиваме позитивни, пријатни реакции од моите сограѓани. Повеќето од нашите браќа Албанци гледаат турски канали преку сателитските предаватели, и од нив генерално добиваме добри реакции… И нашите браќа Македонци гледаат серии со преводи на социјалните мрежи, на интернет. Како што знаеме често да ја употребиме репликата од нашата ТВ серија „Ова е Скопје, овде има заеднички живот“…
Ерман Шабан потекнува од уметничко семејство, а со неговиот брат Ертан Шабан покрај серијата Збогум Румелија, заедно имаат работено на уште една ТВ серија, два турски филма и еден период заедно играа во иста театарска претстава. Тој покрај глумата, во исто време им помага на своите колеги актери од Турција да го научат Турскиот дијалектот во Скопје, на којшто и се зборува во ТВ серијата „Балканска приказна“. Ерман Шабан, кој пред повеќе години беше дел од актерската екипа на мегапопуларната серија „Збогум Румелија“, со овој проект всушност и ја започна својата актерска кариера. Откако се појави во многу различни ТВ серии и филмови, Ерман Шабан вели дека е многу задоволен од тоа каде е сега, осврнувајќи се на новата серија Балканска приказна:
Бев природно среќен и возбуден на ист начин како што бев возбуден за понудите од претходните проекти… Нашата прва ТВ серија „Збогум Румелија“, која се снимаше овде, направи голема врева на Балканот и во Турција. И овој проект го започнавме со многу радост. Сите мои пријатели актери се многу талентирани. Јас лично поминав подолг период во Истанбул пред да започне да се снима проектот во Скопје, работевме на дијалектот со колегите секој ден, и сега кога споредувам од тој период до денес, гледам големо подобрување во изговорот/дијалектот кај нив, додава Ерман Шабан.
Шабан во ТВ серијата „Балканска приказна“ го глуми Зафер, постариот брат на Ертан, кој исто како и Ертан се заљубува во Македонка на што неговото семејство се противи и е принуден да го напушти турскиот конак. За Зафер како лик од серијата, Ерман вели дека е донекаде тврдоглав лик кој подлегнал на чувствата што ги немал доживеано претходно, односно се заљубил.
Зафер е млад скопјанец кој е многу приврзан за семејството, многу ги сака браќата, а го гледа чичко му како свој татко. Иако се обидел да им биде во исто време и татко на својот помал брат и сестрите, Зафер исто така е поединец кој останал без татко на млада возраст, пораснал со копнеж по својот татко и се обидел да застане на свои нозе колку што може, вели за ликот којшто го игра Ерман Шабан.
Во серијата „Балканска приказна” се прикажуваат делови од животот на две семејства од Скопје, турско и македонско семејства и силната но во исто време невозможна љубов на Јованка и Ертан како главни протагонисти во серијата. Продуценти на серијата се Јалчин Ари и Угур Узунк, а како главни сценаристи се потпишуваат Угур Узунок, Абдулхамид Ишик, Есма Коч, Идрис Мејди, Алев Узма и Озан Ајаз. Линиски продуцент е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.