Денеска (петок), со почеток во 18 часот во „Буква“ продолжува проекцијата на македонски кратки играни филмови според селекција од истоименото издание на Кинотека на Македонија.
Организаторите посочуваат дека на репертоар се повеќе култни режисерски имиња од домашната филмска уметност.
Во „Буква“, тие велат дека може редовно да се најдат сите изданија на Кинотека, како и некои реткости за кои тековно известуваат.
Ова е втор ваков настан во кафе-книжарницата „Буква“. Претходно беше организирана уште една проекција на кратки играни филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.