Оркестарот на Македонската филхармонија гостуваше во Подгорица, а потоа и во Дубровник.
Во Подгорица концертот се одржа во Музичкиот центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија настапи во „Књежев двор“.
На програмата беа Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Камиј Сен-Санс, „Пајдушко“ од македонскиот композитор Филип Иванов и Симфонија бр. 4 од Лудвиг ван Бетовен, а на концертот во Дубровник беше изведено и делото „Идила“ од хрватскиот композитор Благој Берса. Диригент е Борјан Цанев, а како солистка настапи македонската пијанистка Марија Ѓошевска.
По успешното гостување во Белград и Ниш, следуваше турнејата во Црна Гора и во Хрватска, каде знаев дека повторно ќе се претставиме во одлично светло и ние како институција, и секако нашата држава. Гостувањето во Хрватска го реализираме на покана на Симфонискиот оркестар во Дубровник, додека во Подгорица, настапивме благодарение на несебичната поддршка на Министерството за култура на Црна Гора и црногорската амбасадорка во Македонија Марија Петровиќ. Од огромно значење е и ова меѓународно претставување како круна на концертната сезона која беше исполнета со голем број на успешни настани“, истакна директорката на Филхармонијата Тина Иванова, потенцирајќи дека е среќна што Македонската филхармонија чекори гордо по патот којшто го зацрта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.