Во организација на новоформираната Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Македонија – Скопје, синоќа во  Даут пашин амам се одржа концертот насловен „Македонска – турска рапсодија“ со познатиот домашен музичар – канунист  Џенгиз Ибрахим.

Музичките изведби на концертот, како што се анведува во соопштението од НУ Центар за култура на турската заедница, беа еден вид синтеза на старо со ново, ритмички расплети и користење на разни маками (стари музички скали).

Пред почетокот на концертот в.д. директорката Небахат Рушид истакна дека на 29 март 2023 година врз основа на одлуката на Владата на Република Македонија беше основана НУ Центар за култура на турската заедница, која во процесот на регистрација се соочи со доста предизвици, но не се откажа и на 21.12.2023 година официјално установата беше рагистрирана во Централниот регистар на Република Македонија.

Настанот е дел од годишната програма на НУ Центар за култура на турската заедница во РСМ и е финансиран од Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.