„Македонска реч“ го објави третиот том од проектот Избрани дела од Горјан Петревски, со романите: „Марта“, „Другата Марта“ и „Сама“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура. Ќе содржи 18 романи на Петревски во шест тома (по три романи во секој том). Се подготвува по повод 70 години од животот на авторот и 50 години од излегувањето на неговата прва книга.

Во првиот том беше објавена трилогијата: „Споменка“, „Спомените за Споменка“ и „Сонот со Споменка“, а во вториот: „Исти очи“, „Далечна љубов“ и „Пламени залези“.

Дизајнот, кориците и компјутерската обработка се на академскиот сликар Томе Манески.

Горјан Петревски е еден од најчитаните автори за деца и тинејџери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.