„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот, по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција и Торонто и по одличниот прием од страна на светската критика и големиот интерес за интернационална кинодистрибуција.

Македонската премиера на националниот претставник за „оскар“ е закажана за 27 октомври, во киното „Милениум“.

Во текот на месеците што следуваат промоцијата на филмот низ светот ќе се одвива во силен ритам, собирајќи нови признанија, од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на редовно киноприкажување во многу земји.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.