И на 120 годишнината од подигнувањето на Илинденското востание споменикот Илинден во Крушево или попознат уште и како „Македониум“ не дочека да биде реконструиран. Сега пред празникот Илинден, ѕидовите околу витражите се варосани, за да се замаскира и затскрие катастрофалната состојба. Но ова ќе трае се до првиот поголем дожд. Вистинската слика скоро преку целата година е оваа, зелени и мувлосани ѕидови, кога врне внатре во споменикот протекува вода од витражите и корозираната метална конструкција, а вода навлегува и преку пукнатините кои се појавиле на самата бетонска конструкција на објектот. Често пати водата ја има во толкави големи количини што таа прави цели вирови на самиот под. На оваа грда слика сведоци се и голем број туристи.
Најголемиот проблем ни се случува во пролет и во есен, кога протекувата и витражите и железната конструкција. За да се надмине овој проблем во координација со Завод и музеј Прилеп и Министерството за култура, континуирано се работи на проект. Објектот е голем, комплексен и не може така лесно да се изработи проектот. Има периоди и се случува таа грда слика да ја гледаат и туристите, ние тековно и го одржуваме и го расчистуваме, но проблемот останува, вели а Сител Тома Тана, директор на историски музеј Крушево.
Во Македониумот со години се нешто се работи, ама никако да се сработи како што треба. Единствено во 2021 комплетно се промени и реновираше подот на музејот. Државата никако да се реши на сериозен пристап и желба да се оддели доволно пари за да се реставрира еден од најпосетуваните музеи.
Се работи на мала санација на витражите кои мислам дека се во фаза на проектна документација. Имаме проект кој е во фаза на изработка за уредување на партерната целина пред споменикот Илинден, смета Горан Цветкоски, директор на Завод и музеј Прилеп.
Во лоша состојба е и керамичкиот дел во амфитеатарот пред Македониумот каде искршени се голем број плочки, дело на уметникот Борко Лазески. А искршени се и голем број од бетонските столчиња. Да се надеваме дека в година кога Македониум ќе прави 50 години од постоењето и каде почиваат останките на великанот Никола Карев ќе го добие заслуженото внимание од државата.
извор Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.