„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата „Поглед од мансарда“ на Светлана Антиќ-Јовчевска, која содржи повеќе од триесет текстови – есеизирани приказни, објавувани како колумни во порталот „Сутерен“ во 2020 и 2021 година. Тоа се записи на разновидни теми од секојдневието, но индиректно се чувствува тегобната карантинска атмосфера поради пандемијата со ковид-19, кога и се пишувани текстовите.
Светлана Антиќ-Јовчевска (1960) е дипломиран новинар, која работела за повеќе редакции („Нова Македонија“, МРТВ, „Утрински весник“, „Дневник“, МИА, Радио Слободна Европа, „Вечер“, Радио Дојче веле).
„Поглед од мансарда“ е нејзина петта книга. Автор е и на книгите „Патот на вистината“ (сведоштва за воениот конфликт и егзодусот во Кумановско, 2001), публицистика – 2004 г, на збирката раскази „13“, 2005, „Ликот од огледалото“, 2009, како и на фрагментарниот роман „Молчи и танцувај“, 2020 година. Добитник е на Ноемвриска награда на Општина Куманово за 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.