„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Адела“ на познатиот романски писател од ХХ век – Гарабет Ибраилеану, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

„Адела“ е класика во романската литература и е филозофски роман во кој главен лик е љубовта. Ова е роман за искушенијата на љубовта, за судирот меѓу разумот и чувствата, за енигмата на вечниот женски принцип. Инспирирана апотеоза на животот, осмислена од љубовта.

Суштината на романот е анализата направена од четирие­сет­годишен човек, психолошка интроспекција која произлегува од душата на вечниот адолесцент и анимирана од духот на деликатниот интелектуалец, кој не верува во можноста за искрена љубов од жена дваесет години помлада од него.

Гарабет Ибраилеану (1871, Тргу Фрумос – 1936, Букурешт) бил романски критичар и литературен историчар, есеист, педагог, литературен уредник и романсиер. Бил меѓу највлијателните личности во романската литература во првите децении на 20 век, теоретичар, промотор на научната литературна критика, литературен креатор, професор по историја на романската литература на Универзитетот во Јаши и главен уредник на списанието Романски живот меѓу 1906 и 1930.

Во 1908 година почнал да работи на катедрата за модерна литература на Универзитетот „Александру Јоан Куза“ во Јаши, каде останал до 1934 година. Професорот Ибраилеану ја презел блескавата традиција на здружението Младост и на списанието Литера­тур­ни разговори со здружување околу списанието Роман­ски живот на најзначајните писатели од епохата и со ориентирање на литературното движење во тоа време во правец на творештвото поврзано со современата национална реалност. Прво важно дело на Ибраи­леану, Критичкиот дух во романската култура (1908) претставува социолошки есеј. Тој го воспева интелектот и го повикува на размислување и е ремек-дело на свој начин, кое имало огромно влијание, посебно во социологијата.

За Адела ја добил националната награда за проза. За неговата многустрана активност, Романската академија, во 1948 година, посмртно го избрала за член.

„Адела“ е најзначајното дело на Гарабет Ибраилеану, кое се вбројува меѓу истакнатите дела на романските романсиери од периодот меѓу двете светски војни, познат како „златното доба“ на романската литература. Тогаш Романците, наспроти балканските соседи, успеале да создадат галаксија на писатели од светска класа во поезијата и во прозата, меѓу кои се Мирчеа Елијаде, Александру Македонски, Тудор Аргези, Џорџе Баковија, Цезар Петреску, Камил Петреску, Маихаил Себастијан, Макс Блекер, Џорџ Калинеску, Јонел Теодо­ријану, Ливиу Ребреану, Џиб Михаеску, Жан Барт и други.

Модернистичките трендови во литературата во 1930-тите се присутни и во романот на Ибраилијану – симболични експери­менти со боите, промени во сликите и ликовите. Но, за разлика од повеќето негови современици, кои се свртуваат кон градот како сцена на модернистичка слика, Ибраилијану избира мало село во подножјето на Северните Карпати, опкружено со други села, планински врвови, тврдини и манастири. Напишан во прво лице еднина, романот го претставува нараторскиот јунак кој не само што раскажува, туку и безмилосно се самоанализира. Ова е роман за искушенијата на љубовта, за судирот меѓу разумот и чувствата, за енигмата на вечниот женски принцип. Инспирирана апотеоза на животот, осмислена од љубовта.

Романот се појавил во мај 1933 година и е единственото белет­ристичко дело напишано од романскиот критичар и теоретичар, кое му ја донесе, таа година, Првата национална награда за проза. Суштината на романот е анализата направена од четирие­сет­годишен човек, психолошка интроспекција која произлегува од душата на вечниот адолесцент и анимирана од духот на деликат­ниот интелектуалец, кој не верува во можноста за искрена љубов од жена дваесет години помлада од него.

„Адела“ е првото дело на Ибраилеану преведено на македонски јазик.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.