Претставата „Мајка“ вечерва е на репертоарот на Битолски театар со почеток во 20 часот.
Пиесата „Мајка“ е оптимално драматуршки функционален текст, со парадоксална структура која лесно се витка (п)од загатката што ни ја поставува авторот преку играта на реалностите (дали настаните навистина се случуваат или се предадени само преку претставата-халуцинација на Мајката, или се случува и едното и другото, или секој од ликовите носи своја претстава за настаните?) со јазик што е лексички едноставен и непретенциозен по смисла.
Текстот „Мајка“ остава впечаток дека е напишан со ноншалантност и леснотија поради префинетата духовитост и приемлив ритам на дијалозите, но неговата структура крие прецизна аутопсија на човечкото Јас во областа на секојдневните човечки односи, во кои опстојува смислата на постоењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.