Маја Неделковска – Брзанова е нова директорка на Националната галерија на Македонија.
Дита Старова Ќерими, досегашната директорка на Галеријата на Фејсбук соопшти дека ја завршила мисијата како директор на Националната галерија на Македонија.
Со мојата досегашна заложба на чело на оваа институција, верувам дека успеав да ја оправдам укажаната доверба. Заедно реализиравме многу дела и проекти за зачувување, негување и унапредување на културата и уметноста, како големо богатство на нашата земја!
И честитам на новоизбраната директорка Маја Неделковска – Брзанова и и посакувам многу успех во нејзината работа, напиша Старова – Ќерими на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.