Ликовниот настан „Мирисот на летото 2024“ ќе се одржи во дворот на Кинотека на Македонија на кој ќе учествуваат 10 ликовни творци: Владимир Лазоски, Харалампие Манчев – Хари, Игор Поповски, Владимир Величковски, Стојче Тоциновски, Илчо Симовски, Емилија Тоциновска, Марија Светиева Ергас, Сузана Ал Сакини и Маја Танева.
Уметниците ќе сликаат од 10 до 19 часот во сабота (24.08) и недела (25.08) 2024 година. Во вторник (27.08) во 12 часот ќе се отвори изложбата со дела од ликовните творци.
Би ни било големо задоволство да дојдете во вторник на 27.08 во 12:00 часот на отварањето на изложбата во изложбената галерија при Кинотека на Македонија, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.