Во дворот Кинотека денеска ќе се одржи ликовен настан „Карпошово културно лето – Мирисот на летото 2024 година“.
Како што информираат од Детскиот ликовен центар-Скопје, ќе учествуваат 10 ликовни творци – Владимир Лазоски, Харалампие Манчев – Хари, Игор Поповски, Владимир Величковски, Стојче Тоциновски, Илчо Симовски, Емилија Тоциновска, Марија Светиева Ергас, Сузана Ал Сакини и Маја Танева.
Уметниците ќе сликаат денеска и утре од 10 до 19 часот.
Од Детскиот ликовен центар-Скопје најавија дека следната недела во вторник напладне ќе биде отворена изложбата во изложбената галерија при Кинотеката
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.