Во изминатите неколку денови сме сведоци како СДС со неколку прес конференции се обидуваат неосновано да ја обвинат општина Битола, дека прави некаква злоупотреба на финансиските средства од проектот за преку гранична соработка Smart4you2, рече на денешната пресконференција советничката од ВМРО ДПМНЕ Лидија Павловска.
Вистината е следна: – СДС 5 месеци го кочат проектот со кој Битола требаше да добие велосипедски патеки и само поради инаетот на СДС истиот проект е закочен. Исто така СДС криминалот треба да си го побараат во своите редови односно кај директорката на НУ Завод и Музеј Битола.
Затоа ја прашуваме директорката каде е објавен огласот за реконструкција на Пациото?
Колку фирми учестуваа на повикот за реконструкција на пациото?
Колку чини реконструкцијата на Пациото?
Транспарентноста и отчетноста се едни од основните принципи на ЕУ. Ја повикуваме директорката на НУ Завод и Музеј Битола да одговори на погоре поставените прашања и да не се крие зад партиските соопштенија на нејзината матична партија СДС. ВМРО-ДПМНЕ нема да застане се додека јавноста не биде детално запозната за постпката за реконструкцијата на Пациото и за се ќе биде информиран и донаторот на проектот односно Делегацијата на ЕУ“, рече Павловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.