Од 20 јуни до 20 август и оваа година традиционално се одржува Летниот фестивал на книгата во книжарниците на „Три“ под слоганот „Секоја страница – нова станица“.

Многу нови наслови, кои ќе пристигнуваат во текот на фестивалот, големи попусти до 70 % и количинскиот начин за добивање што е можно повеќе книги, се само дел од предностите на овој фестивал.

„Се случи едно лето“ од Теса Бејли и „Прекрасен свету, каде си“ од Сали Руни се два долгоочекувани светски книжевни хита, кои ќе бидат дел од новитетите. „Хроника на птицата навивалка“ ќе биде сместена во одделот од домашната библиотека кај името на Мураками, а „Заложници“, „Кутија со сенки“ и „Девојките што горат“ чекаат во отсекот за трилерите да ве наежат од глава до петици. А во едицијата популарна наука и психологија, „Телото памети“ и „Храброста да се биде свој“ ќе заблескаат подготвени да ви подарат позитивни вибрации.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.