Во големиот салон на Музеј на град Скопје, утре, на 9 октомври, од 20 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи од Ангел Коруновски „Летаргија“.

Промотори на изложба се Сашо Димоски и Јасмина Намичева, а дизајнот е на Лазе Трипков.

Изложбата ќе биде отворена до 23 октомври годинава.

Зародиш на концептот на изложбата е глобализацијата, пласирањето на лажни информации и вредности како и потценувањето на луѓето и нивните способности. Осознавањето преку брза информација без потковување на знаењето кое изискува време и истражување преставува глобален проблем во целото општество кое се движи во погрешен правец, комплетна капитализација и вреднување на материјални добра како основен идентитетски печат кај единките.

Живееме во време на брзи вистини, поддадени и наложени вредноси, нема индивидуалност, луѓе слични кои функционираат како бинарен број кој е зададен да создаде една наметнато поставена слика.

Делата на изложбата се сурови, искрени и голи како нужна потреба на отсликувањето на општеството, впрочем нели културата е образ, огледало на времето и општество во кое живееме?

Цртежите се работени во комбинирана техника каде тушот и перото се појдовна точка, додека алатките како PROCREATE & PHOTOSHOP прават колмуниција во создавањето на една монументално творба во дигитален формат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.