Во петок 22 декември 2023 година, во Македонскиот Народен Театар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Лагата“ на авторот Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи.

Преведувач на драмскиот текст: Офелија Ковилоска
Сценограф: Крсте С. Џидров
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Автор на музиката: Игор Василев-Новоградска

 

Улоги:

Павле – Јордан Симонов
Родна – Габриела Петрушевска
Михаил – Оливер Митковски
Јована – Драгана Левенска

 

Времетраење: 100 минути

Извршен продуцент: Виктор Рубен
Уредници на програмскиот каталог: Мила Анѓелковиќ и Ивана Јарчевска
Лектор на каталогот: Тодорка Балова
Дизајнер на плакатот: Оливер Митковски
Дизајнер на програмскиот каталог: Димитар Димитров
Фотограф: Кире Галевски

 

„Лагата“ на Флоријан Зелер е безмилосна комедија која ги анализира лицемерите во општеството — лавиринт на лаги и измами и непријатни вистини што се случуваат во бракот.
Михаил и Јована доаѓаат на вечера. Но, Родна истото попладне го забележува Михаил како се бакнува со друга жена, и притоа е во дилема дали да ѝ каже на пријателката што видела или не. Нејзиниот сопруг Павле верува дека е подобро да се однесуваат како ништо да не се случило. Родна е далеку од сигурна. Со оглед на тоа што нивната сопствена врска е под лупа, станува јасно дека некои вистини најдобро е да не се кажат, а границата меѓу вистината и лагата може да биде опасна за преминување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.