На предлог на Управата за заштита на културното наследство, Владата денеска на 19-тата седница донесе одлука за прогласување на Куршумли ан во Скопје за културно наследство од особено значење.
Куршумли ан е изграден во средината на ХVI век и претставува споменик на културата. Со оваа одлука се овозможува негово трајно зачувување во изворна состојба, ширење на вредностите и значењето на Куршумли ан, како и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање на овој културно-историски споменик од архитектонското наследство, соопшти владината прес-служба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.