Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма продолжува со предавања и презентации. Во недела, 17 декември, во 12:30 часот, предавање ќе одржи Рик Долфијн насловено ,,КУРИРАЊЕ НА СОВРЕМЕНОТО: НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ ’’.
Предавањето се сосредоточува на револуционерната изложба НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ ,,LES IMMATÉRIAUX’’ ко-курирана од филозофот Жан Франсоа Лиотар во 1985 година, и начинот на кој кураторот преку оваа изложба искажува грижа за светот и современоста. Воведувајќи „изложба која промислува“ која замислува свет што доаѓа и за кој се презема одговорност, се овозможува пристап преку кој оваа изложба, но и изложбите воопшто можат да го истражуваат својот политички потенцијал денес.
Рик Долфијн е професор по медиуми и студии на културата на Универзитетот во Утрехт. Неговите публикации се однесуваат на континенталната филозофија и современата уметност како резултат на истражувачките интереси во доменот на постхуманизмот, новиот материјализам, материјалната култура и екологијата.
Рик Долфијн е почесен професор на Универзитетот Хонг Конг, како и визитинг професор на Универзитетот во Барселона. Неговите публикации ги вклучуваат насловите ,,Foodscapes’’ (Eburon/University of Chicago Press 2004), ,,New Materialism: Interviews and Cartographies’’ (Open Humanities Press 2012, издадено со Ирис Ван Дер Туин)’’. Неговите статии се публикувани од списанија како Continental Philosophy Review, Angelaki, Rhizomes, Collapse и Deleuze Studies. Со Рози Брадиоти е ко-едитор на книгата ,,This Deleuzian Century: Art, Activism, Life’’ издадена од (Brill/Rodopi 2014/5) како и ,,Philosophy after Nature (2017)’’ публикувана од (Bloomsbury Academic 2019/20). Исто така е автор на монографијата ,,The Philosophy of Matter: a Meditation’’ издадена од Bloomsbury Academic во 2021, додека во 2022 година заедно со Рози Брадиоти публикува едитирано издание ,,Deleuze and Guattari and Fascism’’ (Edinburgh University Press).
Предавањето е реализирано во соработка со Институтот за Општествени и Xуманистички Науки, Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.