Наградата за Тирана како Eвропска младинска престолнина за 2022 година, претставува нов пат за напредок за градот, за младите и за земјата. Тоа е нов начин на соработка, дизајнирање, стимулирање и зајакнување на градот, со и за младите, велат од Националниот младински конгрес на Албанија.
Тие по средбата со македонската министерка за култура Бисерa Костадиновска-Стојчевска која учествува на министерскиот состанок за Западен Балкан за промоција на првата Министерска платформа за култура, информираа дека оваа година e посветенa на културата и младите, споделија искуства за она што го идентификуваат како предизвик, но во исто време како најскапоцениот наградувачки и инспиративен моментум, а тоа е посветеноста да изградат долгорочно наследство и да ја подобрат визијата за Тирана како град кој е инклузивен за сите млади.
– За спроведување на EYC 2022 во Тирана, Националниот младински конгрес на Албанија тесно соработува со општината Тирана и различни министерства и владини агенции. Ова е цврст пример дека соработката и структурираниот дијалог меѓу граѓанското општество и владините институции носи повеќе инвестиции во младински политики и програми, повеќе шеми за грантови за младински проекти, повеќе јавни простори за младите да се поврзат и да го достигнат својот потенцијал, како и повеќе синергии и мрежи, вели Извршна директорка на Националниот младински конгрес на Албанија, Дафина Пеци.
Подготвена сум на младите од Македонија да им помогнам да се зајакнат во креирање на европските проекти и активно да учествуваат во Креативна Европа. Факт е дека културата и младите отсекогаш се во фокус на агендата на нашето министерство. Само така ќе покажеме цврст став за нашиот пат кон европското семејство и ќе вклучиме повеќе теми кои се од особено значење а тоа се култура, образование, иновации, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.
Тие заклучија дека институциите треба целосно да ги посветат своите капацитети и волја максимално и да ги зајакнат земјата и нејзините млади преку развој, напредок и напорна работа.
Оваа година, повеќе од кога било, Тирана го става центарот на вниманието на младите. Младинската престолнина за 2022 година веќе ја започна годината со многу активности и настани насочени кон младите луѓе, овозможувајќи им да се интегрираат што е можно повеќе во различни области од нивниот секојдневен живот. Тирана е одличен пример кој нуди многу можности за младинско ангажирање. Разновидната и автентична програма на Tirana EYC 2022 опфаќа широка област на теми што се однесуваат на младите; како учество, култура, иновации, младински простори, европски идентитет, капацитет, различност и еко-здравје. Активностите вклучуваат работилници, до конференции, предавања, отворени форуми, до улични забави, културни настани, флеш мобови, уметност и традиција, додава генералната координаторка на Тирана EYC 2022, Национален младински конгрес на Албанија, Аспасјана Конго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.