Вечерва во 19:00 часот, во Театарот за деца и младинци во Скопје, ќе имате можност да ја погледнете куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ од од Астрид Линдгрен.
Режија и драматизација:
Јакуб Максимов (Република Чешка)
Драматургија и превод:
Горјан Милошевски
Играат и изведуваат музички делови на сцена:
Матеа Јанковска- Роња и вокал
Никола Наковски- Бирк, Бампер, Сиво Џуџе и вокал
Мики Анчевски- Матис, Сиво Џуџе, окарина и вокал
Катарина Илиевска Силјановска- Ловис, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе и вокал
Ангела Димитрова- Ундис, Фјосок, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе, виолина и вокал
Петар Стојанов- Пит ламбата, Борка, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе, гитара и вокал
„Еве ни пристига една нова приказна од фантастичната и светски познатата, шведска авторка, Астрид Линдгрен. Таа веќе има свој значаен придонес во светското наследство на детска литература со нејзините дела како и познатиот роман, “Пипи долгиот чорап”. Сега влегуваме во сосема нов свет на ограбувачи, печуркасти џуџиња, диви шуми и авантуристички предели во приказната со наслов „Роња, ќерката на
ограбувачот“. Помеѓу завојуваните ривали, помеѓу две банди, две деца го градат својот пат во животот. Две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура. Нивната приказна е приказна за пријателството и силната врска меѓу две чисти души.“ – Горјан Милошевски, драматург на претставата.
„Роња од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители.“ – Јакуб Маскимов, режисер на претставата.
Сценографија, Дизајн на кукли и маски: Олга Зјебинска (Р.Полска)
Костимограф: Олга Зјебињска (Р.Полска)
Композитор и Корепетитор: Лазар Новков ( Р.Србија)
Дизајн на плакат и брошура: Олга Зјебинска (Р.Полска)
Инспициент: Ѓуро Дракулоски
Светло мајстор: Мартин Митровски
Тон мајстор : Ангелe Насковски
Изработка на костим: Љубица Велкова
Шминка: Игор Петрески
Изработка на кукли: Мартина Финторова, Беата Зазривцова,
Мартина Пјаткова, Јарослав Штулер, Натали Рајнишова (Р.Чешка) и Кирил Василев
Гардеробер: Мирка Ѓорѓиева
Декоратери: Јовица Видески, Мирзат Камбери и Бујамин Селими
Наменета за возраст од 6+
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.