Овој месец бидете дел од второто издание на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ кој ќе се одржи на 22, 23 и 24 септември. Како и минатата година, така и оваа, фестивалот на КСП Центар ЈАДРО, организиран во соработка со Општина Центар, ќе ги развесели и разигра скопските маалски улици. Деталната фестивалска програма ќе биде наскоро објавена.
На 9 септември во 20 часот, во КСП Центар Јадро ќе се одржи предавање „Во потрага по убавината на Палестина за време на окупација“ | Раед Саадех дел од програмата на фестивалот за критичка култура „КРИК“.
На 20 септември во 17 часот ве очекуваме на месечната отворена средба со заедницата во рамки на проектот Arts Hub. Оваа средба е наменета за сите уметниците и активисти кои имаат желба да создадат свои партиципативни проекти за заедницата и да дискутираат на разни социјални и политички теми и проблеми.
Неколку работилници од различни области ќе се реализираат како дел од нашата месечна програма.
На 11 септември во 18 часот, ќе се одржи првото предавање на музичката работилница за диџејки – „Жени зад пултот“, во склоп на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“. Неколку дена потоа, на 14ти и 15ти, ќе се одржи дводневна работилница за креативно пишување со млади – „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“. Веднаш по книжевната работилница, на 16ти септември продолжуваме со „ОКО“ – аматерска филмска работилница за семејни разговори и филмски креации. Серијата работилници ја завршуваме со уште една филмска работилница под водство на култниот американски независен филмски режисер Џон Џост – „Learn everything there is to know from a real MoFo“ која ќе се реализира во КСП Центар ЈАДРО од 25ти септември до 14ти октомври.
* НАПОМЕНА* Пријавувањето за учество во работилниците е задолжително!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.