КСП Центар Јадро денеска напладне ќе ја промовира книгата „Мојот сон“ на д-р Џемиле Берат (1957), автобиографија на првата Ромка од Македонија која завршила Медицински факултет на УКИМ.
Како стипендист веднаш била вработена во Здравствениот дом во нејзиниот роден град Крива Паланка, а откако се омажила за воен доктор, се преселиле во Бјеловар во Хрватска, каде што работеле во Воената амбуланта.
Со распаѓањето на СФРЈ во 1991, се вратиле во Македонија и таа почнала да работи во Воената болница.
Заради потребите во болницата, во 1993 година д-р Берат почнала специјализација по психијатрија на Клиниката за психијатрија која ја завршила во 1997 година.
-Од тогаш, па сè до моето пензионирање пред три години, работев во Воената болница како специјалист-психијатар, вели д-р Џемиле Берат во автобиографијата.
Рецензентот на книгата Гоце Ристовски истакнува дека автобиографијата на Џемиле Берат е „уверлив и сугестивен показ и доказ дека со верба, љубов, надеж, посветеност и работливост може да се стаса до ’ѕвездите’ и дека тој пат е обично „трнлив, исполнет со премрежја, разочарувања од суровата општествена стварност која е оптоварена со предрасуди од најразличен вид“.
-Така е и во случајот со д-р Џемиле Берат, која својот животен пат во автобиографијата го изнесува длабоко искрено, уверливо, автентично и, пред сè, емотивно, сакајќи да ги охрабри младите – пред сè младите Роми – дека и покрај сите реални тешкотии може да се стаса на врвот, пишува Ристовски во рецензијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.