Краткиот документарен филм „Автобиографија на човекот гулаб“ на Константин Плевнеш, кој е  прикажан на повеќе фестивали во Европа и светот, избран е за програмата на фестивалот „Балкан трафик“ во Брисел.

Главниот лик на овој филм, Владимир Степановиќ, во осум минути ја раскажува сопствената драма за исчезнувањето на неговата фамилија и исчезнувањето на поранешна Југославија.

Овој интернационален фестивал на музички, филмски и сценски уметности, којшто 14 години се оджува во Брисел, од 23 до 26 април оваа година ќе има дигитално издание, во кое вклучи поголем број уметници од земјите на Југоисточна Европа.

„Балкан трафик“ во 2017 година беше свечено затворен со претставата „Дениција“ од Петре М. Андреевски, исто така во режија на Константин Плевнеш, во изведба на Народниот театар од Охрид, а учествуваа  Рубенс Муратовски, Димитрина Мицковска и Саша Ефтимова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.