Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, синоќа на покана на потпретседателката на српската Влада и министерка за култура, Маја Гојковиќ присуствуваше на свечениот гала концерт со кој Белградската филхармонија, под диригентвсо на маестро Зубин Мехта, ја одбележува 100 годишнината од своето постоење. Настанот е во рамките на Иницијативата Отворен Балкан, и овој ексклузивен концерт ќе биде изведен и во Тирана и во Скопје.
На овој редок, свечен настан, министерката Костадиновска-Стојчевска изјави:
Отворениот Балкан е добра вест за културата. Балканот отсекогаш бил отворен за уметниците, а нашата цел е да ги отстраниме бариерите од каков било вид. Културата го додава неопходното чувство на пријателство и искреност на секој договор и секоја иницијатива за соработка.
Им ја честитам годишнината на белградските симфоничари и посакувам многу здравје на маестро Мехта, кој е силен поддржувач на Иницијативата Отворен Балкан. Нашата соработка во културата е доказ за силата на нашето заедничко наследство и меѓусебно почитување.“
Министерките за култура на Србија и на Македонија, Гојковиќ и Костадиновска-Стојчевска го продолжуваат дијалогот за важноста на Иницијативата Отворен Балкан и за моќта на уметноста во креирањето на дијалогот и аспектите на културната соработка во регионот, преку денешните активности и посета на институции од културата во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.