Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на граничниот премин „Ќафасан“ го пречека претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, кој на покана од претседателот Стево Пендаровски, денеска и утре престојува во официјална посета на Република Македонија.
Костадиновска-Стојчевска му посака пријатен престој на сојузниот претседател Ван дер Белен и ги истакна добрите односи помеѓу двете земји, вклучително и во областа на културата.
Костадиновска-Стојчевска додаде дека оваа официјална посета ќе даде дополнителен импулс во зацврстувањето на пријателските врски помеѓу Македонија и Австрија. Министерката за култура изрази задоволство што покрај официјалната програма, делегацијата ќе има можност да се запознае и со македонското современо творештво, со традицијата и, секако, со значајни културно-историски споменици и локалитети во Охрид и во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.