На конференцијата „Година на европски можности“, во организација Владата министерката за култура рече дека оваа година продолжуваме со претставување на сите активности што ги имавме зацртано преку претставување на сите културни установи и на сè она што го имаме како богатсво како во државата така и надвор од неа. Во таа насока, таа ја истакна активноста на македонските културно-информативни центри во Тирана, Софија, Њујорк, во Загреб.

Македонската култура е веќе е во ЕУ. Мораме да го завршиме процесот на ЕУ интеграции за да имаме уште поголема соработка во областа на културата, за да можеме да ги дооствариме сите зацртани цели што ги имаме во однос на културната соработка. И, токму затоа велам дека македонската култура одамна е во Европа, ние сме како такви признаени, нашиот јазик, идентитет, историја и култура се признаени во ЕУ , само треба да го завршиме евроитеграцискиот процес со што ќе се овозможи послободно движење на културните работници и за да можеме уште повеќе да се пофалиме со она што го имаме, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа посочи дека оваа година, Министерството за култура продолжува со санацијата на спомениците од НОБ и Револуцијата, програма што ја започна минатата година, како и со реконструкција на објектот на Музејот на Македонија, кој се издвојува по вредноста на своите збирки и Галеријата на икони, а кој не е реновиран од кога е изграедн.

Оваа година, Министерството за култура останува посветено во стимулирање на творештвото за млади преку новите конкурси и продолжува да се грижи за континуитетот на секоја дејност со формирањето на 8 нови национални установи. 

Костадиновска-Стојчевска на панел-дискусијата за инвестиции во инфраструктурата и културата, ја истакна успешната прва реституција во државата и посочи дека е во тек постапката за враќање на уште 37 идентификувани македонски икони од Албанија во нашата држава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.