Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва присуствуваше и се обрати на манифестацијата „Во чест на поетот“, во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, во годината кога македонската држава ја одбележува 100 годишнината од раѓањето на еден од најзначајните поети во македонската современа книжевност.
„Имам чест да изразам ограмна почит кон Штип и кон Центарот за култура, кој го носи името на големиот поет за вашата неисцрпна енергија, љубов и страст во чување и негување на името и творештвото на Шопов, со што ја одржувате актуелна поезијата на великанот на македонската лирика, вечниот Ацо Шопов, кој остави трајни и ја обележа македонската современа поезија“, рече министерката за култура на настонот на кој беа изведувани новосоздадени композиции во џез стандарди, по текстови од Шопов, патрон на Центарот за култура во Штип.
Костадиновска-Стојчевска ги поздрави идеите со кои преку овој настан, Ценатрот за култура успева да го држи жив зборот на Шопов кај младите генерации и на тој начин да гради млади кои ги ценат темелните вредности, овозможувајќи им услови да создадат дела кои се одраз на современата македонска култура.
Министерката за култура изрази уверување дека со завршување на оваа јубилејна година посветена на Ацо Шопов кого го нарекуваат „остров среде океаните на зборот“, Центарот за култура и неговиот роден град, како и досега ќе продолжат да осветлуваат нови и нови пораки кои ги носи поезијата на Шопов.
На традиционалната манифестација „Ноќ на поетот“ признанието „Ацо Шопов“ му беше врачено на aкадемик Витомир Митевски – за особен придонес во популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов. Центарот за култура на пригоден начин одликува и истакнати личности за нивниот ангажман во негување и меѓународна афирмација на делото на Шопов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.