Вечрва во 20ч, на сцената на Дом на АРМ, во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2022 ќе биде изведена претставата „Егзодоус“ на кореографот Ено Печи со Косовскиот балет.

Печи прави осврт кон моментот во кој живееме, кога народите и луѓето се раздвоени. Цели семејствата се разделени, родителите ги испраќаат своите деца во странство за да им овозможат подобра иднина. Кореографијата на Печи раскажува за разбиени семејства, изгубени детства, напуштени мајки кои бараат смисла во егзилот на своите деца.

Во претставата настапуваат Фатмир Смани, Вјолца Лугиќи, Фисник Смани, Сеа Вуниќи, Теута красниќи, Мухамет Бикалиќи, Јета Мусоли, Мимоа Шала, Мергиме Морина и Аулоне Нихиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.