Во рамките на програмата за март во Кинотека вечерва е КОРСЕТ (Corsage) на уште едно авторско име со домицилно австриско потекло Мари Кројцер (Marie Kreutzer). КОРСЕТ е храбра и субверзивна костимирана драма за Сиси, царицата Елизабета од Австрија, која се бунтува за ограничувањата во кралското семејство и на нереалната слика што светот ја има за неа.

Проекцијата на СЕЧИ! (Coupez! / Final Cut) на Мишел Хaзанавициус (Michel Hazanavicius) е одлична вест за фановите на овој необичен автор, кој со АРТИСТОТ не само што победи на доделувањето на „Оскарите“ и наградите БАФТА во 2012 година, туку постави и нови стандарди со неговото видување на стариот црно-бел формат како посвета на ерата на немиот филм во Холивуд. Овој пат ни подготви хорор-комедија во која работите тргнуваат наопаку кога мала филмска екипа снима нискобуџетен зомби филм и истите се нападнати од вистински зомбија.

16 МАРТ  (СРЕДА), 15:00 часот

ЛАРС И БАРОНОТ

(Tjuvjägaren / Lars and the Baron)

Игран филм, Шведска

2016, 97 мин, колор, ДЦП

Режија: Џон Торнблад (John Thornblad)

Сценарио: Џон Торнблад, Рикард Шмит (John Thornblad, Ricard Schmidt)

Улоги: Никлас Фалк, Илва Лоф, Ленарт Хјулстрем (Niklas Falk, Ylva Lööf, Lennart Hjulström)

Шведска на крајот на 19 век. Ларс Ериксон и неговата сопруга мора да се преселат од градот во пештера која е лоцирана во шума, во сопственост на локален барон. За да ги преживее лошите услови, во сиромаштија, Ларс започнува со ловокрадство.

Тоа не му се допаѓа на баронот, па му наредува да престане. Ларс, кој не е тип на човек кој сака да прима наредби, си продолжува по свое и го исмева баронот. Конфликтот меѓу двајцата мажи ескалира сè додека грофицата, која наследила богатство, не ги покани двајцата на нејзината годишна забава на лов. Ларс и баронот, поради мудриот надзор на грофицата, ќе мора да бидат љубезни еден со друг барем на еден ден.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

16 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 17:00 часот

МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ: ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА

(Puss in Boots: The Last Wish)

Анимиран филм, САД / Јапонија

2022, 102 мин., колор, ДЦП

Режија: Џоел Крафорд, Џенуел Меркадо (Joel Crawford, Januel Mercado)

Сценарио: Пол Фишер, Томи Свердлоу, Том Вилер (Paul Fisher, Tommy Swerdlow, Tom Wheeler)

Гласови: Антонио Бандерас, Харви Гијен, Салма Хајек (Antonio Banderas, Harvey Guillén, Salma Hayek)

 

Новото видување на приказната за Мачорот во чизми е во продукција на анимациското на студио „Дримворкс“ (DreamWorks) и пристигнува од филмскиот универзум на познатиот анимиран карактер Шрек.

Мачорот е одважен уметник, но страста кон адреналинот што го лачат опасните ситуации ќе му ја испорача сметката. Мачорот во чизми открива дека неговата желба за авантура има последици – потрошил 8 од неговите 9 животи. Мачорот оди на патување да ја најде митската последна желба и да си ги врати своите 9 животи назад.

Бандерас го позајмува гласот на Мачорот во неговиот епски поход во Црната шума, каде што треба да ја најде Ѕвездата на желбите и да си ги поврати изгубените 8 животи. Но, бидејќи во моментот има само еден преостанат живот, Мачорот ќе мора да се понижи и да побара помош од неговата бивша партнерка, а сегашна непријателка Кити (со гласот на Селма Хајек).

Сепак, тие ќе се здружат и, наспроти сомневањата, ќе ја добијат и помошта на Перо, зборлестиот и весел пес-скитник. Новоформираната дружина мора да биде еден чекор пред Златокосата, семејството Трите мечки, „Големиот“ Џек Хорнер и страшниот ловец на „уценети глави“ Големиот зол волк…

МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ освои четириесетина номинации за награди на филмските фестивали ширум светот, меѓу кои и за наградата БАФТА.

Мачорот во чизми како анимиран лик за прв пат се појави во ШРЕК 2 во 2004, кој беше номиниран за „Оскар“. Мачорот во чизми гостуваше уште во две продолженија на ШРЕК, како и во неколку анимирани филмови во продукција на „Дримворкс“. Серијалот на Шрек и Мачорот во чизми досега заработи повеќе од 3,5 милијарди долари ширум светките киносали.

 

Возрасна категорија: 8 години

Влезница: 150 денари

16 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 19:00 часот

СЕЧИ!

(Coupez! / Final Cut)

Игран филм, Франција / Јапонија / САД / В. Британија

2023, 112 мин., колор, ДЦП

Режија: Мишел Азанависиус (Michel Hazanavicius)

Сценарио: Мишел Азанависиус, Шиничиро Уеда, Рајоичи Вада (Michel Hazanavicius,  Shin’ichirô Ueda, Ryoichi Wada)

Улоги: Ромен Дури, Беренис Бежо, Грегори Гадебоа, Финеган Олдфилд (Romain Duris, Bérénice Bejo, Grégory Gadebois, Finnegan Oldfield)

 

Работите во оваа хорор-комедија тргнуваат наопаку кога мала филмска екипа снима нискобуџетен зомби филм и истите се нападнати од вистински зомбија. Филмот е адаптација на култната јапонска зомби комедијата „One Cut of The Dead“ од Шиничиро Уеда…

СЕЧИ! е новиот филм на Азанависиус, кој со АРТИСТОТ не само што победи на доделувањето на „Оскарите“ и наградите  БАФТА во 2012 година, туку постави и нови стандарди со неговото видување на стариот црно-бел формат како посвета на ерата на немиот филм во Холивуд. Со него освои повеќе од 50 награди на светските филмски фестивали.

СЕЧИ! беше номиниран за две награди на француската кинематографија  „Цезар“.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

16 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 21:00 часот

КОРСЕТ

(Corsage)

Игран филм, Австрија / Германија / Луксембург / Франција

2022, 112 мин., колор, ДЦП

Режија: Мари Кројцер (Marie Kreutzer)

Сценарио: Мари Кројцер (Marie Kreutzer)

Улоги: Вики Крипс, Флоријан Тајхмајстер, Катарина Лоренц, Жан Вернер, Алма Хасун, Мануел Руби, Финеган Олдфилд (Vicky Krieps, Florian Teichtmeister, Katharina Lorenz, Jeanne Werner, Alma Hasun, Manuel Rubey, Finnegan Oldfield)

 

Храбрата и субверзивна костимирана драма на режисерката Мари Кројцер за Сиси, царицата Елизабета од Австрија.

Сиси е идол на многумина заради нејзината убавина и е инспирација за модните трендови. Таа е на турнеја низ Европа и се обидува буквално и фигуративно да се ослободи од стегите во животот на кралскиот двор. Сиси го слави својот 40-ти роденден и мора да се бори за да го одржи својот јавен имиџ, стегајќи го телото сè повеќе и повеќе со корсетот. Нејзината улога е стриктно протоколарна и спротивна на нејзините желби.

Нејзината жед за живот и за нови знаења ја прават да биде сè повеќе и повеќе вознемирена во Виена. Се чувствува осамено, здодевно и старо, му се спротивставува на сопругот, царот Франц Јозеф, и се обидува да се скрие од јавноста наместо да носи превез на лицето, да се подложува на напорни физички вежби и да се  опседнува со телесната тежина. Нејзината иднина се само церемонијални обврски, па Сиси се бунтува на ограничувањата на кралското семејство и на нереалната слика што светот ја има за неа.

Авторката Мари Кројцер се придржува до историските записи за Сиси и нејзиниот филм не величи херои. Кројцер го менува имиџот на „сентименталната Сиси“, како што е претставена во безброј екранизации, и портретира жена што е многу повеќе од жртва на својот позлатен живот. КОРСЕТ е студија за гневот, Сиси на Кројцер има маани, нарцисоидна е и многу модерна, и се прашува што ќе ѝ остане кога моќта поврзана со нејзината убавина ќе исчезне.

На Канскиот филмски фестивал во програмата „Извесен поглед“ Вики Крипс ја освои наградата за најдобра изведба, како и наградите за најдобра актерка на фестивалите во Сараево (БиХ), Сан Себастијан (Шпанија), Чикаго (САД), Европските филмски награди… КОРСЕТ триумфираше на фестивалот во Лондон, а освои номинации за награди на уште десетина филмски фестивали во светот.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.