Во сабота (14 септември) со почеток во 20 часот во Кафе бар „Цреша“, Скопје ќе се одржи концертна промоција на поетската книшка „Јазик за двајца” на Пијан Славеј.
Пијан Славеј (Бранислав Николов) е музичар, текстописец, поет, пејач и фронтмен на групата Фолтин.
На концертната промоција ќе свират „Пијан славеј“.
„Пијан Славеј е поет што пишува песни што се пеат и онакви што плачат да бидат испеани. И без разлика дали ќе бидат преведени на јазикот на музиката или ќе останат само на хартија, тоа се песни ‒ жив копнеж и страст, љубовна сила што раѓа и убива светови, мерак што не згаснува, севда(х) што се храни од плотта, занес што сам себе си нарачува стрелачки вод.“, пишува во рецензијата поместена во книгата, Александра Јуруковска.
Пијан Славеј објавил четири поетски книшки: „Креветизам и хоризонтала“ 2018, „Срчки“ 2020, „Полиграф“ 2022 и „Јазик за двајца“ 2024, сите во издание на Прозарт медиа.
Повеќе детали може да најдете ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.