Во рамки на 15. Меѓународен фестивал на класична гитара „Тремоло” што го организира Детскиот културен центар „Карпош”, вечер од 19 часот во Филхармонијата ќе гостуваат Ел Сонидо дела Вида – Карлос Санчез од Шпанија.

Фестивалот има три концертни вечери – почна вчера со настап на најдобрите млади класични гитаристи, а ќе продолжи утревечер во Музејот на македонската борба со настап на гитаристи од Тајван и Франција. Влезот за концертите е слободен.

Покрај трите концертни вечери, во текот на овој музички фестивал ќе се одржат и мастер часови и работилници од областа на класичната гитара и фламенко, соопшти Детскиот културен центар „Карпош”.

Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло” е под покровителство на Град Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.