Во Музејот на македонската борба во Скопје вечер концерт ќе одржи триото „Балкан Ашк“.
Триото ќе настапи во состав на диригентот на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ и Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“, Ерхан Шукри – виолина, соло харфист во НУ Филхармонија, Мерсиха Шукри – харфа и надворешен соработник на оркестарот во Филхармонија, Енис Аљи – виолончело.
Триото е формирано во 2021 година, има одржано неколку концерти и остварено гостување во Истанбул, Турција и Рим, Италија.
Концертот е организиран од новоформираната НУ Центар за култура на турската заедница во земјава, а поддржан од Министерството за култура во Националната програма за 2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.