Во Културно Информативниот Центар во Скопје, вечерва, со почеток во 19:19 часот, че имате можност да го проследите концертот на трио Аперто.
Трио Аперто е составено од тројца истакнати и реномирани македонски музичари: Марина Трајковска – виолина, Момчило Куфојанакис – виолина и Весна Ангелова Христов – пијано.
Триото е основано во 2018 година по иницијатива на виолинистката Марина Трајковска, долгогодишен член на Македонската Филхармонија. Покрај презентирање на репертоарот за овој вид на камерно музицирање, триото има за цел промовирање на македонски автори и поттикнување на македонските композитори да творат за овој вид на ансамбл, како и визија за едукативни концерти за наjмалата публика – децата од предшколска и училишна возраст.
Досега имаат реализирано бројни концерти на подиумите низ целата Р. Македонија како и свечен гала концерт во камерната сала на Филхармонија. Kонцерти во културните центри во Истанбул(Турција) и Тирана(Албанија).
Концертот на трио Аперто вклучува програмска содржина која вклучува дела од современи македонски автори како и атрактивни дела од светската музичка литература напишани за овој вид на камерен состав.
Програма:
А. Вивалди – Концерт оп.3 бр.8 – Алегро / Ларгето е спиритуозо / Алегро
А. Дворжак – Хумореска
Г. Форе – Павана оп.50
Б. Цанев – Овчеполска свита
Aнте Б. К – Свита за две виолини и пијано
Д. Шостакович – Пет пиеси
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.