Во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот анплагд концерт ќе одржат „Летечки пекинезери“. Тие ќе изведат композиции од нивните два албума „Летечки пекинезери“ и „Изложба на кучиња“ и материјал од нивниот трет албум кој наскоро ќе биде објавен на винил и на дигиталните платформи. Квинтетот го сочинуваат: Иво Солдатовиќ – кларинет, Петар Христов – тенор саксофон, Бојан Петков – гитара, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Славчо Коцев – тапани.

За „Летечки пекинезери“ не е потребен опширен опис кога се работи за нашата локална музичка сцена. Како дел од таа сцена се мошне флексибилни и снаодливи, па поради тоа често настапуваат и на сцени каде се единствените амбасадори на џезот. Нивната жанровска определба е двосмислена бидејќи воедно цврсто се држат до свингот кој се помалку наоѓа место во модерниот џез, а поради нивнито растворување на традицијата во пристаплив поп сензибилитет во исто време ја напуштаат џез територијата и се маркантни претставници на таа музика – велат организаторите.

Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје – Европска престолнина на културата 2028.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.