Во среда, на 30 октомври со почеток од 21:00 часот, Котур Кафе и Филм ќе биде домаќин на концертот на македонскиот музичар Ади Имери и неговите две формации: Ади Имери Трио и Marumaru (まる or 丸). Настанот ветува уникатна музичка вечер исполнета со креативност и експериментална електронска и инструментална музика.
Ади Имери Трио ќе настапи во состав: Ади Имери (гитара, вокал, електроника), Дејан Митровиќ (бас) и Александар Ванчовски (тапани). Специјален гостин е Кире Кузманов на саксофон.
Како дел од концертот, ќе настапи и дуото Marumaru, во состав: Ади Имери (гитара, електроника) и Александар Бошков (гитара, електроника).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.