Културно Информативен Центар (КИЦ) Скопје, врз основа на програмата за ликовна дејност објавува конкурс за визуелни уметности (самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти, перформанси), што ќе се реализираат во 2025 годиина.

Заинтересираните уметници, на еден документ да достават концепт за изложбата, куса биографија и контакт информации. Воедно преку online сервис (we transfer и сл.) да испратат и фотографии од нивни дела (во висока резолуција) планирани за изложбата (доколку изложбата не е подготвена, да се испратат дела од својот опус). Материјалите да се испратат на: [email protected].

Право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници кои во Културно Информативен Центар – Скопје не изложувале во последните две години.

Конкурсот трае 14 дена.

Изборот на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.