Младинското здружение за креативно и културно изразување „Култура Бета“ објави конкурс за филмска рецензија на кој, како што наведува, може да учествува секој ентузијаст што сака да гледа филмови и да пишува за нив.

Рецензијата не треба да биде подолга од страница и половина, треба да ги содржи основите информации за филмот и film still од филмот што ќе биде обработуван. Жанровски ограничувања нема, соопшти здужението.

Конкурсот е отворен до 15 април. Текстовите треба да се испратат на мејл-адресата: [email protected]. Избраните текстови ќе бидат објавени на платформите на Култура Бета.

„Култура Бета“ е младинско здружение за креативно и културно изразување, неформална организација за сите млади кои имаат идеи за развој на културата надвор од културните институции.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.