Авторскиот концерт „Амбиенти“ ќе се одржи вечер во 18 часот во Паркот на франкофонијата во општина Центар. Музиката е дело на композиторката Ана Пандевска, а изведбата ќе биде на пијанистката Дуња Иванова.
На програмата ќе се изведат електроакустичните композиции за пијано „Пејзажни атмосфери“, „Квази бурлеска“ и „Свита за Скопје“.
Музиката е пишувана во периодот од 2015 – 2019 година, а проектот се реализира со поддршка на општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.