Концерт на „Пијано трио“ ќе се одржи вечерва во Културно информативен центар – Скопје, со почеток во 20:00 часот.

Татијана Петрушевска Караскаковска – обоа,
Марјан Милошевски – фагот,
Петар Макариевски – пијано

ПИЈАНО ТРИО обоа,фагот и пијано
Составено од тројца етаблирани музичари, Татијана Петрушевска Караскаковска прва обоаво оркестарот на НОБ,Марјан Милошевски прв фагот во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ и Петар Макариевски пијано,професор –корепетитор на ФДУ, ова Tрио ги здружи своите сили во 2014год.
Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар,формираа ансамбл сметајќи дека постоење на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите,од аспект на соработка,зголемување на репертоар,изведување на дела кои не се само за соло инструмент,туку се во соработка со други онструменти.
Во овој ансамбл имаме обоа и фагот во соработка со пијано,тоа ни овозможува широк спектар на репертоар,на кој има композиции од различни епохи,форми и кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за изведување. Х.Брод,Т.Лалие,К.Фридеман,В.А.Моцарт,Ф.Пуланк, Г.Ф.Хендл,А.Вивалди,А.Рајхенауер Л.В. Бетовен, М. Глинка, се дел од композиторите кои се на репертоарот на Триото и кој постојано се збогатува со нови композиции.
Првиот свој настап Триото го имаше на концертот и промоцијата на ЦД во чест на флејтистот Илија Зимбо,следуваат концерти во Демир Капија, Куманово,Виница, Скопјe, Kрушево, Прилеп,Гевгелија,Берово,Делчево,Кочани. На својата програма секогаш имаат дела кои се изведуваат премиерно во Македонија, а кои дела и самата изведба на Триото,секогаш наидуваат на одушевување кај публиката. . Годинава (2022год), македонските композитори Вања Николовски-Ѓумар и Филип Иванов,напишаа дела специјално за Пијано за Пијано Трио , кои својата светска премиера ја имаа на Фестивал на камерна музика во Нови Сад –Европски град на култура за 2022год.
Она што го карактеризира Триото како состав, се, истенчен –моќен звук, итерактивост, прецизност во изведбата и виртуозност на музичарите.

Програма:
М.Глинка – “Trio Pathetique”
Allegro moderato
Scherzo.Vivacissimo – Trio.Meno mosso
Largo
Allegro con spirito – Allabreve,ma moderato
Ф.Иванов – Prelude & Toccata (2022god.) – македонскапремиера *
В.Николовски-Ѓумар – “At The Moment”(2022god.) – македонскапремиера *
Ф.Пуланк – Trio
Lent. Presto
Andante
Rondo

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.