Во камерната сала на Филхармонија, вечерва, со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С и познатиот квартет Куарем.

На концертот ќе бидат изведени специјално оркестрирани композиции напишани од членовите на „Куарем квартет“ и музика чијашто инспирација се танците од целиот свет. Гости на концертот се светски познатата перкусионистка и вокал Наташа Роџерс и вокалистката Зарина Првасевда.

Овој проект е ко-основан од Креативна Европа со поддршка на Европската Комисија, како дел од проектот Паневропски културни ентитети 2021-2027 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.