Во театарот Сенки и Облаци во Скопје, денеска со почеток во 19:00 часот, најмладата публика ќе може да ја погледне претставата со сенки „Колку е часот“.
Старо Купувам ѝ подари на Сара еден часовник кој чука во некое си чудно време – два пати тик, еднаш так!
Чие ли време покажува тој?
За да дознае, Сара се нурна дури до дното на океано одлета до крајот на универзумот и замина на пат околу светот но сепак одговорот не го најде. Ќе остане ли тажна, или пак можеби по пат си најде ново другарче?
Претставата трае 35 минути и е препорачана за деца 4+
Препорачана донација 250 денари.
Дојдете и уживајте во магијата на сенките!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.