По иницијатива на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, избрана колекција со дела од меѓународната ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“ ќе бидат изложени во Државниот институт за култура во Софија.

Во Битола одржавме средба со делегација на Државниот институт за култура на Република Бугарија предводена од директорката Снежана Јовева Димитрова. Средбата беше иницирана од Антонија Велева, директорка на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. На наше заедничко задоволство договоривме избрана колекција од богатата уметничка архива на ‘Мал Битолски Монмартр‘ да ја посетиме Софија со изложба во просториите на Министерството за надворешни работи. Повод за организирање на ликовната изложба во Софија е меѓународниот Ден на детето“, вели Елена Хаџи Антонова, раководител на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола.

Паралелно со оваа меѓународна активност, во Студиото во Битола, по завршувањето на меѓународниот конкурс, почнуваат да пристигнуваат ликовни творби од цел свет за претстојното 41 издание на „Мал Битолски Монмартр“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.