На 16 мај, четврток, од 19:19 часот, во Салон 19:19 во КИЦ, Издавачката куќа „Три“ организира несекојдневен настан посветен на преведувањето на енигматичниот „Силмарилион“. Со двете одлични и искусни преведувачки, авторки и познавачки на магичната литература – Ирена Јурчева и Мерсиха Исмајлоска, предводени од авторката и лекторка Виолета Танчева-Златева, ќе се расчистат јазичните и стилски дилеми и многуте предизвици што се испречуваат на патот на преведувачите кога ги пренесуваат на нашиот јазик и во нашиот културен контекст фантастичните идеи на големите книжевни великани каков што е Толкин.

Во фокусот на оваа своевидна работилница за преведување ќе биде преводот од Ирена Јурчева на култното дело „Силмарилион“. Токму поради Толкиновата богата имагинација, посебниот јазик и речник, заедно со цел свет измислени суштества, потребен е сериозен преведувачки и толкувачки пристап на ова фантастично и капитално дело на светската литература.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.